Македонија

МВР и Ковачевски се неспособни да обезбедат сигурност за учениците, вели ВМРО-ДПМНЕ

Секој ден имаме нови дојави за бомби, во институциите, училиштата и јавните објекти, секој ден народот живее во страв и несигурност, а посебно учениците, каде имаме слика на исплашени деца и вознемирени родители, вели ВМРО-ДПМНЕ

„МВР и Ковачевски се беспомошни и неспособни, да обезбедат елементарна сигурност во Македонија. 4 месеци дозволуваат некој да си игра со судбината на децата, а за ова политичка одговорност мора да има.

Иако на народот одамна веќе му е јасно, време е Оливер Спасовски и Ковачевски, да си признаат на себе, дека не се кадарни да ја гарантираат сигурноста на граѓаните и да си поднесат оставки“, се вели во соопштението.

На почеток