Иван Босиљчиќ од Битола: Ова навистина беше ”наша вечер”


Синоќа, на сцената на Центарот за култура, битолската публика и гости во публика од други градови со многу аплаузи, овации и враќања на сцена го наградија Иван Босиљчиќ. Тој е славен актер кој освен што глуми, тој пее, рецитира поезија, а вчера докажа дека е миленик на жените од целиот регион.
Роден е 1979 година во Ужице, најпознат е по улогите „Ranjeni orao“, „Greh njene majke“, „Nepobedivo srce“ и „Urgentni centar“. А во брак е со пејачката Јелена Томашевиќ. Тој во последните години се проби и на рускиот пазар каде има одлична кариера.
Синоќа и поезија и музика во една вечер која долго ќе се памети со Босиљчиќ, кој повеќе од деценија доминира на ТВ екраните, на филмското платно и на театарските сцени, интернационално.
Тој со голем успех ги претставува и своите авторски проекти за љубителите на поезија и музика, а синоќа докажа дека умее да направи совршен спој во уметничка вечер која донесе возбудување на драмска претстава, но и на врвен музички настан, посебен и ретко виден на нашите простори.
Центарот за култура овој настан го распродаде за само неколку часови.
