Опериран Емир Кустурица
Од
Објавено на
Кустурица беше хоспитализиран пред два дена откако се лизна и падна на Мокра Гора.
„По авиони, хеликоптери, камиони, стотици илјади километри, 950 концерти и се што ми се случило во животот, нема ништо пологично несреќата да не се случи на важно и значајно место отколку на обични скали“, вели Кустурица.
Кустурица изјавил дека иронија на животот е тоа што се лизнал и паднал на последното скалило од приодот кон кафулето „Креклата авлија“ на Мокра Гора.
„Го повредив зглобот на десната рака, кој отиде 180 степени. Имав голема болка“, нагласи познатиот режисер.