Актуелно

(ВИДЕО) Животни извлечени живи 26 дена по земјотресот во Турција

Две кози се извлечени живи од урнатините 637 часа по разорните земјотреси во градот Нурхак, во турската провинција Кахраманмарас, јавува „Anadolu Agency“.

Работниците кои ги отстранувале остатоците од урнатините во селото Алчичек во еден момент слушнале звуци на животни, а потоа од под урнатините живи извлекле две кози кои биле затрупани таму повеќе од 26 дена, соопшти локалниот гувернер.

По интервенција на ветеринарот, на козите им била дадена вода и храна, а локалните власти се погрижиле за нив бидејќи нивните сопственици биле надвор од градот, соопшти агенцијата.

Исто така, во турскиот град Хатај, кој беше еден од најтешко погодените од двата разорни земјотреси на 6 февруари, беше извлечено куче 25 дена по земјотресот.

Како што утврдиле, кучето успеало да најде храна под урнатините, каде било затворено и на тој начин успеало да преживее.

На почеток