Свет

Нов земјотрес во Романија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, јавува ЕМСЦ.

Земјотресот се случил на длабочина од околу 15 километри.

Првично беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од околу 4,2 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на 71 километар северо-северозападно од Дробета-Турну Северин и околу 5 километри северно од Рунчу.

Земјотресот се случил околу 00:55 часот по локално време.

Граѓаните оставија коментари за земјотресот на веб-страницата на ЕМСЦ.

Тие пишуваат дека почувствувале земјотрес и дека многу се треселo околу нив. На некои дури им бил преместен мебелот.

На почеток