Скопје

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот, следува соодветна пријава

На 04.03.2023 во 16.35 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода М.П.(43) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 16.00 часот одзел повеќе предмети од продажен објект на бул.„Борис Трајковски“. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток