Коментари

Димовски: Можеше да ја ограничат цената на струјата што ја произведуваат и со која тргуваат во фирмите на нивните жени, деца, татковци

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека владата можела да ја ограничи цената на струјата, но наместо тоа тие го намалиле производството на струја.

„Можеше да ја ограничат цената на струјата што ја произведуваат и со која тргуваат во фирмите на нивните жени, деца, татковци. Ама не, го намалија државното производство на струја, го заземаа пазарот, ја потпалија инфлацијата и сега се закануваат по луѓе да работат со загуба“, вели Димовски.

На почеток