(ВИДЕО) Хаос низ цела Грција по трагедијата, на протестот летаат шок бомби и молотови коктели: „Државата е убиец!“
Немири избувнаа во центарот на Атина за време на новиот протест на Грците поради дефекти што доведоа до голема железничка несреќа претходно оваа недела во која загинаа повеќе од 57 луѓе.
Демонстрантите се собраа пред грчкиот парламент во Атина каде се судрија со полицијата.
Некои демонстранти запалија корпи за отпадоци и фрлаа молотови коктели, додека полицијата одговори со солзавец и шок бомби.
ΒΙΝΤΕΟ News 24/7: Αδιανόητη ενέργεια από την ομάδα Δράση της @hellenicpolice . Ενώ στην πλατεία Συντάγματος επικρατούσε απόλυτη ηρεμία μετά τα χημικά, μηχανάκια σαν συμμορία χούλιγκαν εμφανίστηκαν και άρχισαν να πετούν κρότου λάμψης στα πόδια όσων είχαν μείνει pic.twitter.com/1zCVKNhgIy
— NEWS 24/7 (@News247gr) March 5, 2023
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Државата е убиец“, „Итно отстранете го Мицотакис!“, „Вие 300, молчете!“, што е порака упатена до пратениците.
attempted murder!#antireport #athens #GreeceTrainAccident #greece pic.twitter.com/Ianf0a6jcQ
— Yücel Tekin (@panopticcosmos) March 5, 2023
Да потсетиме, страшна железничка несреќа се случи во понеделникот нешто пред полноќ кога патнички воз со повеќе од 350 луѓе се судри со товарен воз во централна Грција, недалеку од градот Лариса.
Грчкиот министер за инфраструктура и транспорт Костас Караманлис поднесе оставка, а началникот на железничката станица Лариса е уапсен под сомнение дека е одговорен за несреќата која се смета за најтешката железничка несреќа во грчката историја.
A large protest took place in Athens today over the #greecetraincrash. Much of #Greece society does not consider this an accident, rather it holds the government responsible for obsolete infrastructure. pic.twitter.com/DnH8uNMEa5
— Savvas Karmaniolas (@savvaskarma) March 5, 2023
Се сомнева дека тој е виновен што шините не биле навреме разделени.