Свет

Силен земјотрес на филипинскиот остров Минданао

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран на филипинскиот остров Минданао, соопшти денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Изворот наведува дека епицентарот бил на 23 километри од градот Компостела, каде живеат околу 42.000 луѓе.

Хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Нема информации за повредени или причинета материјална штета.

На почеток