Свет

Авион се урна во Њујорк

Едно лице загина, а две се повредени при принудно слетување на лесен авион во реонот на Њујорк, јавува NBC.

Сите тројца биле на едномоторниот „Пајпер ПА 28“ кој се урна на Лонг Ајленд, остров западно од Њујорк.

Повредените патници со хеликоптер се пренесени на лекување во болницата „Стони Брук“.

Американската Федерална управа за воздухопловство (FAA) Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) ќе спроведе истрага за причините за несреќата.

На почеток