Актуелно

Роналдо испрати авион со помош за настраданите од земјотресот во Турција

Познатиот светски фудбалер Кристијано Роналдо испрати авион полн со помош за луѓето кои загинаа во земјотресот што минатиот месец ги погоди Сирија и Турција објави Дејли мејл.

Фудбалерот на Ал Насра реши на овој начин да ја изрази својата поддршка за Турција, каде загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

Португалецот платил шатори, пакети со храна, перници, ќебиња, кревети, храна за бебиња, млеко, лекови и друг вид на помош, што би можело да биде корисно за жртвите од драматичните случувања во минатиот месец.

На почеток