Македонија

Славески: Реконструкцијата на Влада државата ја чини 18 милиони евра штета поради некоординираноста на владините ресори за издавање на еврообврзницата

Владата ќе се обидува ситуацијата во државата да ја претставува во розово светло но инфлацијата во државата воопшто не е розова. Според нашите првични пресметки пропустот со еврообврзница не чинеше најмалку 18 милиони евра и е предизвикана директна штета на државата, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Тој додаде дека платена е превисока цена поради некоординираноста на владините ресори за еврообрзницата. Реконструкцијата на оваа Влада првично не чини 18 милиони евра.

„Кога беше издадена еврообврзницата на само 175 милиони евра што го стабилизираше пазарот во услови на замрзнати финансиски пазари по 2008-та година каматната стапка на НБРМ беше 9% а сега е 5,25% тоа е основен репер со што треба да се споредуваме. Понатаму цената на нашите претходни лимитирани еврообврзници на лимитираните пазари беше над 10%“, рече Славески.

Славески е дециден дека поради пропуст или несогласување на министерот за правда со неговото разрешување не ја потпиша навреме дозволата за еврообврзница направена е голема штета.

„Во блиска иднина некој ќе понесе одговорноста за оваа штета од десетици милиони евра заради пропустот со еврообврзница, бидејќи е направена штета на државата“, изјави Славески.

На почеток