Македонија

Се вратија деведесеттите, мафијашки убиства на улиците, само Спасовски мува не го лази, вели ВМРО-ДПМНЕ

Се вратија деведесеттите. Со Ковачевски како премиер, Груби како вицепремиер и Спасовски прв човек на полицијата се случуваат убиства, пасоши на криминалци се делат, наркотрафикантите седат до првите лица на владата, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Додека Спасовски вкупно е прв човек на полицијата 8 години, се случија стотина нерасветлени убиства. Што друго да се случи Спасовски да си даде оставка.

Треба да одговори дали има политичка конотација ова двојно убиство и каква е поврзаноста со крилата на криминализираните ДУИ и СДС?

Нема леб, скапи бензини, инфлација и многу убиства. Тоа е владеењето на Груби, Ковачевски и Спасовски“, се вели во соопштението.

На почеток