Силен земјотрес на Филипини
Од
Објавено на
Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала ги погоди во вторник Филипините, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри во близина на Сан Мариано на островот Минданао.
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека се очекуваат штети и последователни потреси.
Земјотресот се случил нешто по 14 часот по локално време во планинската провинција Давао де Оро.
Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека училиштата и станбените згради се евакуирани по земјотресот.