Актуелно

Орбан: Ние сме за мир, но мора да бидеме внимателни и подготвени

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го посети командниот центар за контрола на здружените сили во Секешфехервар.

Орбан се запозна со состојбата на одбранбените способности на унгарските вооружени сили, изјави портпаролот на унгарскиот премиер Берталан Хаваси, пренесе агенцијата МТИ.

Орбан повтори дека во сегашната ера на опасност, заштитата на Унгарија е приоритет на владата.

„Како резултат на тоа, развојот на војската и одбранбената индустрија не смее да забави и покрај економската криза предизвикана од санкциите. Ние сме за мир, но мора да бидеме внимателни и подготвени“, додаде тој.

Министерот за одбрана Кристоф Салај-Бобровнички го информирал Орбан за статусот на програмата за развој на одбраната и вооружените сили, обуката на персоналот и достигнувањата во развојот на капацитетите.

На почеток