Во текот на изминатиот ден (17.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои три сообраќaјни незгоди со телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 81 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 13 возачи од кои: 12 возачи поради тоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и осум возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, девет возачи поради непоседување зимска опрема, шест возачи поради неносење сигурносен појас при управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 100 мандатни платни налози и 79 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.