Руски авион оштетен во Белорусија
Од
Објавено на
Министерството за одбрана на Велика Британија го објави најновиот разузнавачки извештај за Украина.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко соопшти дека е оштетен еден од руските воени авиони лоцирани во Белорусија.
„Авионот е речиси сигурно нападнат од мал беспилотен воздушен систем“, наведуваат Британците.
Министерството соопшти дека леталото „веројатно сега е преместено во објект во Таганрог, Русија“.
Се наведува дека транзитниот лет наводно сообраќал на „пониска од нормалната височина, најверојатно поради оштетување на кабината под притисок“.