Актуелно

Зеленски: Нема преговори со Путин, не му веруваме, сакаме победа

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја е решена да победи во војната со Русија и дека во моментов не може да замисли ситуација во која би се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин.

„Не постојат такви околности во кои би можеле да разговараме со претседателот на Руската Федерација, бидејќи тој не си стои на зборот. Ние не му веруваме“, рече Зеленски во интервју за американскиот Си-Ен-Ен.

Тој го повтори ставот на Киев дека Русија прво треба да ја напушти територијата на Украина и дека потоа може да се бара формат за организирање дипломатски преговори.

На почеток