Македонија

Две лица се приведени за киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски

Две лица се приведени и за нив се бара притвор како осомничени дека учествувале во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внукот на екс министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, дознава „Макфакс“. Извори од Кривичен суд, додаваат дека осомничените се изведени пред судија, кој ќе треба да одлучи дали ќе им определи 48-часовен притвор.

Истрагата за грабнувањето на Костадиновски ја води МВР во координација со скопското Обвинителство. Лицето е пријавено за исчезнато, а потоа започнаа и шпекулации дека е киднапиран. Деновиве се појави непотврдена информација дека го киднапирала криминална група од Турција и Албанија.

На почеток