Македонија

Граѓаните се сведоци на ладнокрвни убиства среде Скопје, затоа што Спасовски е во пакт со мафијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните се сведоци на ладнокравни убиства среде Скопје, заради пактот на Спасовски и мафијата, власта наместо да се справува со криминалот е уортачена со него, вели ВМРО-ДПМНЕ

„На само стотина метри од владата на Македонија луѓе со автоматски пушки ладнокрвно убиваат, загрозена е безбедноста и јавниот ред и мир и никој не понесува одговорност.

Оливер Спасовски додека е зафатен со помагање на заменикот Буши, чиј син беше фатен како дивее по улиците, или со поставување на командири кои потоа ги фаќаат како тргуваат дрога, Македонија е се понебезбедна држава.

Не може да сведочиме на ликвидации, и никој од МВР да не понесе одговорност.

Пресметките по улиците се резултат на криминализираноста на власта.

Потребни се промени за Македонија да стане безбедна држава“, се вели во соопштението.

На почеток