Актуелно

(ВИДЕО) Торнадо во Франција

Селото Понтерион во Франција во четвртокот го погоди торнадо кое предизвика голема материјална штета.

Мештаните велат дека торнадото „се спуштило“ врз нив околу 17 часот.

„Се леташе. Целото село, сите автомобили беа уништени“, вели еден жител на Понтарион.

Во селото живеат околу 360 жители, а пожарникарите примиле повеќе од 150 повици.

„Селото е речиси целосно уништено, крововите се разнесени. Има спасувачки екипи, пожарникари“, рече началникот и додаде дека пожарникарите во селото имале повеќе од 90 интервенции.

За среќа нема повредени,пренесе Телеграф.рс.

На почеток