Свет

Продолжува офанзивата на руската војска врз Бахмут

Руските сили продолжуваат со нападите во областите околу градот Бахмут на истокот во украинскиот регион Доњецк, соопшти украинската војска.

Од украинскиот Генералштаб тврдат дека руската војска извршила „повеќе од 100 напади“ во Лиман, Бахмут, Авдијевка и Шахтарск.

Како што соопшти украинската војска, Русија извршила 29 воздушни напади и четири ракетни напади во регионот на Доњецк во последните 24 часа, при што биле повредени и цивили, а оштетена е и цивилна инфраструктура.

Извештаите од украинската војска не може да бидат потврдени од независен извор.

Инаку, Бахмут е центар на интензивни борби веќе неколку недели .

На почеток