Скопјанец заврши на Ургентен, откако со „порше“ излета од автопат
Од
Објавено на
Скопјанец заврши со тешки телесни повреди на Ургентниот центар во Куманово откако со своето „порше“ излетал од автопат, објави МВР.
„На 10.03.2023 околу 20,10 часотна автопатот Куманово-Скопје во атар на с.Романовце, кумановско, патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(42) од Скопје, излетало надвор од коловозот. По несреќата В.С. бил пренесен во Ургентен центар-Куманово, каде од лекар му е констатирана тешка телесна повреда“, пријавено е во полицискиот билтен.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Куманово.