Скопје

Од 210 казни во Скопје, половина се за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 105 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возач почетник.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголеми безбедноста во сообраќајот

На почеток