Македонија

Одбележување на Денот на Специјалната антитерористичка единица – Тигар

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица – ТИГАР.

На настанот ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски и командантот на САЕ ТИГАР, Драган Прокоповски.

Тие воедно ќе положат цвеќе и ќе оддадат почит на спомен плочата на загинатите припадници на САЕ ТИГАР во касарната „Илинден“.

На почеток