Актуелно

Сончево со мала локална облачност

Времето денес ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Утре ќе се задржи стабилно и релативно топло време, а веќе во среда времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни.

Поради продор на постудена воздушна маса од север, кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Во четврток ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (наместа и над 70 км/час), а дневната температура значително ќе се намали.

Од петок и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и потопло.

На почеток