Виолета Бошкоска се обрати директно киднаперите: Пуштете го да си дојде дома, дење и ноќе сме будни, го чекаме да се врати
Виолета Бошкоска, сопруга на политичарот Љубе Бошкоски, тетка на Самоил Костадиноски по кого се трага веќе подолго време, денеска се обрати директно до киднаперите со следнава порака: Каде и да е Самоил, што и да се случило, ве молиме ослободете го. Пуштете го да си дојде дома, ние дење и ноќе сме будни, го чекаме да се врати – со овие зборови, во име на целото семејство, им се обраќа на киднаперите Виолета Бошкоска, тетка на киднапираниот Самоил Костадиновски, од кого нема никаква трага дванаесет дена.
Во изјава за „Фокус” таа вели дека целото семејство живее во агонија. И мајката на Самоил, која живеела во Бугарија, по настанот се вратила во Македонија и на сите им преостанувало да чекаат и да се надеваат дека тој жив и здрав ќе се врати.
-Многу боли кога знаеш дека некој од твоите го нема, а ти си немоќен! Постојано плачам, дење и ноќе сме будни, чекаме да се појави на вратата, да дојде… Денес ангажиравме адвокат да влезе во списите, да види што се случува, така да сме барем во контакт со истрагата. Но сепак, сметам дека се направија големи пропусти во истрагата, се дозволи киднаперите да го запалат автомобилот – вели Бошкоска.
Сивиот опел во кој киднаперите го возеле момчето, е запален и целосно изгорен. Што се случило со него, се уште не се знае.