Македонија

МНР: Не бевме информирани за закани или напад кон Османи

По појавените информации во јавноста за можен напад врз делегацијата на ОБСЕ при посетата на Молдавија, со регионот Транснистрија која ја предводеше Претседавачот со Организацијата, министерот Бујар Османи, се огласија од Министерството за надворешни работи(МНР).

„Во рамките на ОБСЕ, посетите на делегациите на Организацијата и посетите од страна на Претседавачот предвидуваат посебни безбедносни протоколи кои се во надлежност на земјата домаќин. Реализираните посети на Украина, Молдавија, како и предвидените теренски посети во другите таканаречени „загрозени подрачја“ се реализираат со јасна назнака дека се тоа посети на делегацијата на ОБСЕ, што во меѓународните односи се сметаат за посети со зголемен ризик и внимателност. Претседавачот имаше целосна доверба во безбедносните служби на Молдавија и во тамошните власти, кои ја гарантираа неговата безбедност и безбедноста на делегацијата. Ние не бевме информирани, ниту постоеја индикации за какви било закани или можен напад врз делегацијата на ОБСЕ, ниту кон претседавачот Османи за време на неговата посета. Безбедноста на претставниците на ОБСЕ е од висок приоритет и Организацијата ќе ја продолжи блиската соработка со локалните власти за време на која било посета и на која било локација“, велат од МНР.

На почеток