Најчевска: Османи шири лаги со цел поттикнување омраза и нетрпеливост врз етничка основа
Од
Објавено на
Професорката Мирјана Најчевска вели дека министерот за надворешни работи Бујар Османи шири лаги со цел поттикнување омраза и нетрпеливост.
„За говорот на омраза и потткнувањето етничка нетрпеливост.
Со цел поттикнување омраза и нетрпеливост врз етничка основа Бујар Османи од позиција на министер за надворешни работи шири лаги.
Мислам дека за ова не треба да се менува ниту еден закон ниту да се носи нов за да се процесира.
За ова треба под итно да се формира анкетна комисија во Собранието и да се стави на дневен ред.
За ова премиерот треба да го повика на разговор министерот и да му се заблагодари на досегашната работа“, стои во објавата.