Коментари

Спасовски бара да се казни професорката Ачкоска: Ќе бараме реакција од Обвинителството

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека МВР ќе подне соодветен поднесок до Јавното Обвинителство во врска со професорката Виолета Ачкоска.

-Ќе бараме да има реакција од страна на Обвинителството, бидејќи не може во ниту еден момент да изнесуваме податоци или информации кои предизвикуваат страв, неизвесност и паника во јавноста, без притоа истите да се базираат на какви било точни факти и податоци. Ние вчера излеговме со демант како МВР, бидејќи се шпекулира во јавноста, односно се злоупотребува темата дека на овој начин имало повеќе починати средношколци кои биле во Градскиот парк. Упатувам апел до јавноста да бидеме одговорни, бидејќи нема ништо повредно од животот на еден човек, посебно на млад човек, рече Спасовски.

Тој додаде дека вакви трагични ситуации со кои се соочуваме не треба да бидат дел од никакви политички пресметки. Како што рече, најмногу треба да внимаваат луѓето кои себеси се сметаат за луѓе со висок интегритет.

На почеток