Коментари

„Засрамете се што дозволувате ова да ви биде секојдневие“, Ирена Ристиќ за хигиената во центарот на Скопје

Актерката и една од главните иницијатори на неформалната еко-група „Не биди ѓубре“, Ирена Ристиќ, неодамна, на својот Фејсбук профил, објави разочарувачки фотографии од централното градско подрачје. Таа е позната по бројните иницијативи за чистење на главниот град, заедно со други граѓани.

Таа напиша:

Секое, буквално секое ќоше вришти, стенка и запомага, опишувајќи го нашиот однос кон природата, општеството и на крајот, кон самите себе…

Јас не се препуштам на сивилово!

Нема да дозволам да ме поклопи!

Ова е рефлексија на нечија туѓа внатрешност, не на мојата! Мојата допрва ќе сјае!

Засрамете се што дозволувате ова да ви биде секојдневие, што дозволувате во вакви глетки да трепкаат детски очи! Па, фуј!

Борбата продолжува! До победа!

НЕ БИДИ ЃУБРЕ ни сега, ни никогаш, ни во вечни векови! Амин!

На почеток