Македонија

Дамева: Ќе се ослободиме од судиите кои не заслужуваат да ја носат тогата

Сите во правосудството треба да ја почувствуваат одговорноста, вели претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева во најновото издание на Трилинг, на прашањето дали чувствува одговорност за состојбите во правосудството.

-Обврска е дека треба да ја враќаме довербата кај граѓаните. Ниска е довербата во повеќе институции, наше е како ќе почнеме да ја враќаме довербата. За враќање треба да се констатираат причините. Во наредниот период ќе преземаме чекори. Прв чекор е транспарентност и отчетност, втор чекор е да се ослободиме од судии кои не заслужуваат да ја носат тогата – рече Дамева.

Во врска со непотизмот и партизираноста во судството таа вели:

-Јас не сум член на политичка партија, а дружбата и пријателството со политичари, во иднина ќе се покаже дали има влијание врз мене. Немам ни дете судија или обвинител, ниту сопруг. Не може да забраните дискриминација по семејна положба – вели Дамева.

На прашањето дека упатените во правосудството велат дека во Судскиот совет има три струи, едната поддржана од Заев, втората на Миле Зечевиќ, а третата од ДУИ, Дамева рече дека прв пат слуша за тоа.

To Top