Свет

Северна Кореја: Околу 800.000 граѓани во еден ден изјавија дека сакаат да војуваат против САД

Северна Кореја тврди дека околу 800.000 граѓани изразиле желба да волонтираат во армијата, за да влезат во војна против САД.

Државниот севернокорејски весник Родонг Синмун објави дека околу 800.000 студенти и работници ширум земјата изразиле желба да се пријават во војската само во петокот, пренесува Ројтерс.

Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-17 во четвртокот како одговор на заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја, за кои севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун рече дека ги зголемуваат тензиите во регионот,пренесе Танјуг.

На почеток