Свет

Ким Џонг-ун го надгледуваше успешното тестирање на суперсонична балистичка ракета, таа ја погоди целта: „Тој може да ја пробие секоја одбрана“

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше успешното тестирање на новата суперсонична балистичка ракета со среден дострел во понеделникот, објави државната новинска агенција KCNA.

Ракетата прелета околу 1.500 километри со брзина 12 пати поголема од брзината на звукот и достигна максимална височина од речиси 100 километри пред да слета токму на целта долж источниот брег, се вели во соопштението.

Во моторот на ракетата се користени нови композитни материјали од јаглеродни влакна, а проектилот може „ефикасно да навлезе во секоја густа одбранбена бариера и да му нанесе сериозен воен удар на противникот“, соопшти KCNA.

Претходно во понеделникот беше објавено дека Северна Кореја наводно истрелала балистичка ракета со среден дострел во морето, инцидент што се совпадна со посетата на американскиот државен секретар Антони Блинкен на Сеул во период на политички превирања во Јужна Кореја.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека проектилот бил лансиран кон исток околу пладне по локално време, кратко откако Блинкен се сретнал со вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја Чои Санг-мок.

Во понеделникот рано не беше познато за каков тип на проектил се работи.

На почеток