„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нови тензии на Корејскиот Полуостров: Северна Кореја тврди дека соборила јужнокорејски дрон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 часа -

Свет
media-library7qe988vfjftr21quKOM

Армијата на Северна Кореја денеска ја обвини Јужна Кореја дека во текот на неделата со беспилотни летала го нарушувала воздушниот простор над границата, предупредувајќи дека Сеул ќе се соочи со последици поради, како што наведуваат, „неопростива хистерија“. Јужна Кореја брзо ги отфрли обвинувањата, но новиот инцидент дополнително ги намалува шансите за обновување на дијалогот меѓу двете земји, оценуваат аналитичарите.

— реклама —

Во соопштение објавено преку државните медиуми, Генералштабот на Корејската народна армија наведе дека севернокорејските сили во неделата употребиле специјални средства за електронско војување за да соборат јужнокорејски дрон кој летал над пограничен град. Според тврдењата од Пјонгјанг, леталото било опремено со две камери и снимало неидентификувани области.

Во истото соопштение се наведува дека Јужна Кореја уште на 27 септември минатата година испратила друг дрон во севернокорејскиот воздушен простор, кој наводно бил принуден да се урне по електронски напади. Севернокорејските власти тврдат дека и тој дрон содржел видеоматеријали од значајни објекти во земјата.

— реклама —

„Остро го осудуваме сериското и дрско нарушување на нашиот суверенитет и отворените провокации“, се наведува во соопштението, со порака дека „воените хушкачите од Република Кореја ќе платат висока цена“.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека не управувало беспилотни летала на датумите што ги наведува Северна Кореја, а претседателот Ли Џе-мјунг наложил темелна истрага за наводите од Пјонгјанг.

Од преземањето на функцијата во јуни минатата година, владата на претседателот Ли вложи напори за повторно отворање на преговорите и намалување на тензиите со Северна Кореја, но Пјонгјанг досега ги одбиваше сите повици за дијалог. Претседателот Ли неодамна изјави дека на самит побарал посредништво од кинескиот претседател Си Џинпинг за смирување на состојбите, при што Пекинг повикал на трпение.

Северна Кореја ги избегнува разговорите и со Сеул и со Вашингтон уште од пропаѓањето на нуклеарната дипломатија меѓу Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп во 2019 година, поради несогласувањата околу санкциите. Оттогаш, Пјонгјанг се фокусира на зајакнување на нуклеарниот арсенал и официјално прогласи непријателски „систем на две држави“ на Полуостровот, со што практично ги прекина односите со Јужна Кореја.

Дроновите и претходно беа извор на тензии меѓу двете Кореи, кои со години меѓусебно се обвинуваат за нарушување на воздушниот простор. Во октомври 2024 година, Северна Кореја тврдеше дека јужнокорејски дронови го прелетале Пјонгјанг и фрлале пропагандни летоци, што Сеул тогаш не го потврди. Од друга страна, Јужна Кореја во декември 2022 година објави дека подигнала борбени авиони и испукала предупредувачки истрели поради, како што наведе, првиот упад на севернокорејски дронови по пет години.

Новите обвинувања уште еднаш ја потврдуваат кревката безбедносна состојба на Корејскиот Полуостров и ограничените изгледи за брзо смирување на долгогодишното ривалство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_2199

Русија воспоставува директни летови со Северна Кореја – прва авионска линија Москва–Пјонгјанг по неколку децении

Свет | пред 5 месеци

aV3C0DkhSD-sto-ke-se-sluci-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-vtora

Ким и честиташе на кралицата

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања