Со нож нападнал луѓе во супермаркет во Јужна Кореја, осум лица се повредени
Најмалку осум лица се повредени во напад со нож во хипермаркет во Инчеон, град во северозападниот дел на Јужна Кореја. Едно од повредените лица доживеало срцев застој, пренесуваат медиумите.Нападот се случил во супермаркет од синџирот „Хоумплус“, објави „Анадолу“. Осомничениот, маж во шеесеттите години, бил уапсен на местото на настанот.Полицијата започнала истрага за да ги утврди точните околности и мотивот за нападот, пренесува весникот „Кореја хералд“.
Свет | пред 1 седмица