Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Јужна Кореја подготвува голем технолошки скок, планира да слета на Месечината до 2030 година.

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryii7cqu8iecap17savKW

Јужна Кореја претстави амбициозна стратегија за развој на седум клучни технологии со кои земјата сака да обезбеди нови извори на економски раст и да ја намали зависноста од полупроводниците и вештачката интелигенција.

— реклама —

Иницијативата „Seven Major SEED“ беше претставена на состанок во Плавата куќа, со кој претседаваше претседателот Ли Џе Мјунг. Планот предвидува комерцијална употреба на домашни мали модуларни нуклеарни реактори до 2035 година, слетување на Месечината до 2030 година и развој на домашен квантен компјутер со 100 кубити до 2029 година.

Меѓу целите е и комерцијализација на технологија за поврзување на мозокот со компјутер до 2035 година.

— реклама —

Стратегијата опфаќа седум области: мали модуларни реактори, нуклеарна фузија, нова генерација обновливи извори на енергија, квантна технологија, вселенски и воздухопловен сектор, напредна биотехнологија и синџири на снабдување со критични минерали и материјали.

— реклама —

Јужнокорејската влада ја претставува иницијативата како стратешка инвестиција во идниот економски развој и националната безбедност, во услови на забавување на долгорочниот економски раст и сè поголема глобална конкуренција во напредните технологии.

Министерот за наука Бе Кјунг-хун порача дека целта е овие проекти да се развијат во технологии со кои Јужна Кореја во следните една до две децении ќе може да стане една од водечките земји во светот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydbq28dk5uvvd4FoMvIq

Јужна Кореја ги казни Google и Apple со 47,6 милиони долари поради злоупотреба на пазарот за апликации

Технологија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library9tbupk95mcqt6Xqk74b

Со нож нападнал луѓе во супермаркет во Јужна Кореја, осум лица се повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryhsd4j422rdm05gRemPR

Јужна Кореја го отстрани минското поле по експлозијата во демилитаризираната зона

Свет | пред 1 месец

media-library0hcemb6ju9dpdnvtJq2

Експлозија на границата меѓу двете Кореи: повредени се тројца јужнокорејски офицери

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања