Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Експлозија на границата меѓу двете Кореи: повредени се тројца јужнокорејски офицери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library0hcemb6ju9dpdnvtJq2

Тројца припадници на јужнокорејската армија се повредени денеска во експлозија за време на операција во западниот дел на Демилитаризираната зона (ДМЗ), која ги раздвојува Јужна и Северна Кореја, соопшти Здружениот штаб на јужнокорејските вооружени сили.

Двајца од повредените биле евакуирани со хеликоптер, додека третиот треба да биде пренесен по копнен пат, по што и тој ќе биде евакуиран со хеликоптер. Засега нема дополнителни информации за нивната здравствена состојба.

— реклама —

Јужнокорејските медиуми објавија дека експлозијата можеби била предизвикана од мина. Инцидентот се случил јужно од демаркациската линија, во рамките на ДМЗ.

— реклама —

Експлозии на мини и други направи повремено се случуваат во и околу демилитаризираната зона, при што во минатото биле повредувани и припадници на вооружените сили на двете страни.

Границата меѓу двете Кореи е строго обезбедувана уште од Корејската војна од 1950 до 1953 година, која завршила со примирје, но не и со мировен договор.

— реклама —

Според медиумски информации, севернокорејските сили во март продолжиле со утврдување на своите позиции, вклучително и со поставување мини и подигнување огради.

— реклама —

Јужнокорејскиот пратеник Ју Јонг-вон претходно овој месец изјавил дека минските полиња и други севернокорејски објекти на шест локации во западниот дел на ДМЗ ја преминуваат демаркациската линија за околу 10 до 15 метри.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydbq28dk5uvvd4FoMvIq

Јужна Кореја ги казни Google и Apple со 47,6 милиони долари поради злоупотреба на пазарот за апликации

Технологија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library9tbupk95mcqt6Xqk74b

Со нож нападнал луѓе во супермаркет во Јужна Кореја, осум лица се повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryhsd4j422rdm05gRemPR

Јужна Кореја го отстрани минското поле по експлозијата во демилитаризираната зона

Свет | пред 1 месец

media-libraryii7cqu8iecap17savKW

Јужна Кореја подготвува голем технолошки скок, планира да слета на Месечината до 2030 година.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања