Студентите бараат средба со министерот за образование, бесплатен меѓуградски превод, покачување на студентскиот оброк
Сакаме да го изразиме нашето незадоволство од институциите и нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите кој континуирано се зголемува низ годините а особено изминативе месеци, велат од Студентски отпор.
„Ги потсетуваме одговорните и надлежните дека ние немаме намера да се откажеме се до целосно исполнување на нашите барања:
– Барање за средба со министерот за образование и претставници од Студентски отпор, како и вклучување на наши претставници во работните тела;
– Изедначување на стипендиите (ретроактивна исплата и нов анекс на договорите);
– Покачување на дневниот износ на субвенционираниот студентски оброк согласно инфлацијата на 160денари;
– Дигитализација и укинување на т.н. „скриени трошоци“ на факултетите;
– Бесплатен/субвенциониран меѓуградски превоз за студентите;
– Прецизни рокови за започнувањето и реализацијата на најавената реконструкција на студентските домови;
– Стипендирање на студентите на втор циклус студии;
-Модернизирање на лабораториите на природните и техничките факултети
– Прецизни рокови за започнување и реализација на изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ.
Воедно ја користиме приликата да ги охрабриме и повикаме сите студенти да ни се придружат во нашата борба, бидејќи само сплотени можеме да предизвикаме достоинствени услови за студирање на младите и заедно да ја изградиме иднината.
Притоа напоменуваме дека ќе делуваме во насока на остварување на нашите цели користејќи ги сите расположливи механизми и средства“, се вели во објавата.