Фон дер Лајен: ЕУ ќе организира конференција за руското киднапирање деца од Украина
Европската Унија ќе организира конференција за лоцирање на децата од Украина кои беа киднапирани од Русија и ќе ги врати во нивната татковина, најави во Брисел претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Тоа е страшно потсетување на најмрачните периоди од нашата историја, на депортациите на децата што се случуваат таму. Тоа е воено злосторство“, изјави претседателката на ЕК по самитот во Брисел. „Знаеме дека 16.200 деца беа депортирани, само 300 од нив се вратија“, рече таа.
„Во партнерство со Украинците, полскиот премиер Матеуш Моравјецки и јас покренавме иницијатива за враќање на децата киднапирани од Русија“, рече Фон дер Лејен на прес-конференција.
„За таа цел ќе организираме конференција, сакаме да извршиме меѓународен притисок за да ги преземеме сите можни мерки за пронаоѓање на овие деца“, изјави претседателката на ЕК во Брисел по завршувањето на првиот ден од дводневниот самит на 27-те земји-членки на Унијата.