Потрес со јачина од 3,8 степени во Бања Лука
Од
Објавено на
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Бања Лука. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот е регистриран нешто пред 7:35 часот.
Епицентарот бил на околу 20 километри северозападно од центарот на Бања Лука. Тресењето се почувствувало само неколку секунди, објавија жителите на Бања Лука на веб-страницата на ЕМСЦ.