Свет

„Не треба да се плашиш од нас“-Девојките што ја мачеа и се извинија на својата врсничка од Германија

[ad_1]

Минатата недела „Билд“ објави случај на насилство меѓу деца: група девојчиња на возраст од 13 до 16 години во Шлезвиг-Холштајн кои ја навредувале, удирале, ја поливале со вода и и ја запалиле косата на 13-годишна девојка а на мрежите беше објавено и видео од тортурата.

dobivaj vesti na viber

Во неделата девојката се сретнала со двете пријателки кои ја мачеле, а со нив била и мајката на жртвата и експертот за злоупотреба Карстен Стал.

Девојките почнаа да плачат веднаш штом ги кажаа првите зборови на извинување, пишува медиумот.

„Никогаш повеќе нема да направиме такво нешто. Жал ни е поради тоа“, рекоа тие, а потоа тргнаа кон жртвата и се извинија.

„Билд“ објави фотографии од девојките како се гушкаат и плачат.

“Извини што ти го направивме тоа. Никогаш повеќе не треба да се плашиш од нас. Ако имаш проблеми, секогаш можеш да дојдеш кај нас”, рекла една од девојките.

Мајката на друго девојче кажала дека нејзината ќерка сфатила дека направила ужасна грешка.

„Мојата ќерка беше трогната од ова и сфати каде згрешила“, додала мајката.

Девојката, жртва на малтретирање, ги прифатила извинувањата и ги прегрнала своите врснички кои ја мачеле пред неколку дена.

„Добро е за ќерка ми, сега се чувствува подобро“, рекла мајката на жртвата.

Се уште не е јасно дали девојките ќе одговараат за насилството.

Девојчето се уште не се вратило на училиште и е на терапија, пренесува медиумот.

[ad_2]

На почеток