Коментари

Пеце Суперхикс ја повлече објавата за тепањето на син му

Малолетно момче било нападнато во паркот „Капиштец“ во неделата додека играло кошарка.

За случајот информира таткото на момчето, музичарот Петар Младеновски, познат како Пеце Суперхикс, преку социјалните мрежи, кој вели дека нападот врз неговиот син го извршиле четири малолетни лица на возраст од 12 до 16 години.

Тој подоцна ја повлече објавата за тепањето на син му и вели дека алармот на институциите е вклучен.

„Постот за случајот со мојот син е избришан од проста причина што нема да дозволам таложење на негативни коментари, навреди генерализирање и поистоветување на сите штитеници со криминалци или насилници, повици за напади, и ширење на лаги.
Надлежните и одговорните се запознаени Алармот е вклучен! Случајот е пријавен (полиција, инспектори за малолетна деликвенција итн итн) се’ е документирано и очекуваме како семејство реакција од сите засегнати (Домот, Минис.за труд и социјала, МВР, Општината можеби со некаква иницијатива или сл.)
Искрено се надевам дека овие (сите) деца ќе бидат на некој начин подобро згрижени. Но, не можеме да дозволиме ова да се премолчи и повторува катадневно! И за Нив и за Нас !
Ви благодариме на сите за поддршката и чувајте се“, вели музичарот.

На почеток