Свет

Патнички автобус излета во Турција: двајца загинати и 21 повреден

[ad_1]

Две лица загинаа, а 21 се повредени при превртување на патнички автобус во Ерзинџан, Турција, јавува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила рано утринава на патниот правец Ерзинџан – Сивас каде има снег и мраз.

Според првичните податоци, две лица загинале, а 21 лице се повредени.

На местото на несреќата се испратени екипи на брза помош и полиција.

Повредените со возило на брза помош биле пренесени во болниците во Рефахие и Ерзинџан, откако на местото на несреќата била укажана прва помош.

[ad_2]

На почеток