[ad_1]
Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата поврзана со војната во Украина.
Руските медиуми, се вели во извештајот, сугерираат дека властите подготвуваат голема кампања за регрутирање чија цел е да регрутира дополнителни 400.000 војници.
Русија, се наведува, планира да регрутира доброволци или професионалци во таа кампања наместо да воведе задолжителна мобилизација.
Постои реална веројатност, тврдат британските разузнавачи, дека во пракса таа разлика ќе биде нејасна и регионалните власти ќе се обидат да го заменат нивниот стандарден број на регрути со принудување на мажите да се приклучат на армијата.
Руските власти, според британските разузнавачи, најверојатно се одлучиле за т.н „волонтерски модел“ со цел да се заменат загубите на работна сила и да се минимизира противењето на војната на домашен фронт.
Многу е неверојатно дека предвидената кампања ќе успее да привлече 400.000 вистински волонтери, според извештајот.
Но, обновата на руските воени капацитети и борбената моќ во Украина ќе бара повеќе од работна сила, се вели во извештајот.
На Русија и треба повеќе муниција и опрема отколку што моментално располага, заклучуваат разузнавачките експерти.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 30 March 2023.
Find out more about Defence Intelligence’s use of language: https://t.co/U2ty7b1e7h
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/QweoSriH6U
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) March 30, 2023
[ad_2]