Свет

Украински командант: Битката за Бахмут може да стане пресвртница на војната


Командантот на една од украинските единици, полковник Евгениј Межевикин, оцени дека битката за Бахмут може да стане пресвртница во војната и дека Украина е во состојба да го задржи градот и да ги потисне руските трупи.

dobivaj vesti na viber

Межевикин верува дека ако Украинците успеат да ги зачуваат своите неодамнешни успеси, битката за Бахмут може да биде пресвртница во одбраната на Украина против Русија, не само поради запирање на руската офанзива, туку и поради подготовката на силен контранапад. пишува Украинска Правда.

Според Межевикин, руските напади во Бахмут се забавени и избегната е непосредна закана од опкружување. Тој додаде дека руските сили ги „исцрпиле сите свои резерви“,пренесе Танјуг.

На почеток