Коментари

Секој од судиите што учествувал во застарувањето е криминалец на исто рамниште со Мијалков, вели Најчевска

Јавната седница за „Титаник 2“ во скопска апелација се одложи за 13 април, а дотогаш гонењето на Мијалков застарува, по што на социјалните мрежи се огласи професорката Мирјана Најчевска.

„Секој од судиите кои учествуваа во застарувањето на овој и сите други случаи на високи функционери е криминалец на исто рамниште со Мијалков.

Се додека не се ослободиме од овие судии нема да можеме да мрднеме од дното.

И секој висок функционер кој ќе спомне дека работи на владеење на правото и воспоставување на правната држава е криминалец кој шурува со Мијалков.

Од прв до последен“, вели Најчевска.

На почеток