ВРЕДИ со осудата на интерпелацијата за Гаши ги напаѓа демократските институции и Собранието, укажува Најчевска


Интерпелацијата на претседателот на законодавниот дом наскоро пред народните избраници. За коалицијата ВРЕДИ, бесмислен политички експеримент и обид за дестабилизација, претставува обидот за смена на Гаши. Според професорката по право, Мирјана Најчевска, ова е напад на ВРЕДИ врз демократските институции.
„Како може регуларна демократска процедура како што е интерпелацијата да биде напад врз државните институции и да е против евроатлантската интеграција? Всушност, според мене, ВРЕДИ со самиот акт на осуда на институтот интерпелација директно ги напаѓа демократските институции, функционирањето на Собранието и принципот на владеење на правото“, вели Најчевска и појаснува:
„Ваквиот директен напад на институт кој е предвиден и гарантиран со Уставот на Македонија (член 72 од Уставот) е директен акт на повикување на противуставно делување и само чекор од насилно рушење на уставниот поредок. Според членот 72 од Уставот: Интерпелација може да се постави за работата на секој носител на јавна функција“.
