Свет

Сопругот ја нашол сопругата во куќата со двајца мажи, па се заканил дека ќе ги убие сите



Во полициската станица Сански Мост се обратила 34-годишната К. С. со цел да го пријави 36-годишниот сопруг поради страв за својот живот по семејната драма во нивниот дом.

Имено, К. З. (36) дошол пред семејната куќа, каде што го пресретнала заклучена врата, пренесува „Српскаинфо“.

Тој удирал по вратата и се заканувал дека ќе ја убие К. С. (34), но таа во страв немала храброст да ја отклучи вратата и да го пушти во куќата.
Во куќата, покрај К. С. (34), биле и двајца мажи со иницијали К. Е. (30) и С. Е. (35), пренесува медиумот.
Полицијата пристигнала на местото на настанот и го затекнала К. З. (36) со шрафцигер во раката.
Тој се заканувал дека ќе ги убие сите во куќата кога полицијата си заминала, пренесуваат порталите.
Полициски службеници го привеле.

На почеток