Македонија

Пронајдени се Аниса и Мелиса – МВР со детали каде се најдени

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички, Аниса Ајро и Мелиса на подрачјето на Бит Пазар. Во моментот кога биле затекнати, околу 13.30 минути, тие биле во близина на продажен објект, во парк на улицата „Џон Кенеди“.

„Од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле“, велат од МВР за „Макфакс“.

Оттаму посочуваат дека малолетничките ќе бидат предадени на родителите откако ќе се документира целиот случај. Со нив ќе биде направен и распит, преку кој, ќе треба да се дознае што се случувало со нив во изминатите два дена.

Двете малолетнички за исчезнати беа пријавени на 30 март.

„На 30.03.2023 во Полициска станица Бит Пазар во 20.30 часот Е.А.(38) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка А.А.(12), а околу 22.00 часот Ѓ.О.(39) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка М.К.(15). М.К. и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, претходно соопшти МВР.

Семејството на Аниса Ајро од Гази Баба, од утринава, организираше и самоиницијативно потрага и бараше да се вклиучат што повеќе граѓани. Таткото во очај кажа дека чекаат било каква информација. По два часа, девојчињата беа најдени од полицијата.

На почеток